До крајот на август се очекува да биде објавен првиот повик од ИПАРД 3

agro
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот повик од Програмата ИПАД 3 се очекува да биде објавен до крајот на август. Со него ќе бидат опфатени мерките 1 и 7, за инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства, како и за инвестиции во рурален туризам, диверзификација на фарми и поддршка на микро бизниси.

Повикот ќе „тежи“ над 20 милиони евра и ќе трае 45 дена, со продолжување од две недели.


Заедно со последниот ИПАРД 2 повик проектиран на 8,8 милиони евра, што беше објавен на 4 август, на располагање во земјоделството ќе бидат ставени околу 30 милиони евра само преку ИПАРД.

-Први го почнуваме ИПАРД 3, пред која било земја во регионот. Сите одобренија за Северна Македонија за старт на ИПАРД 3 се завршени. Минатиот петок стигна одлуката од Брисел за скратена постапка за акредитација на мерките 1, 3, 7 и 9. Практично, за сите постојни мерки од ИПАРД 2 добивме реакредитација. Тоа значи дека веќе влегуваме во процесот, поради што очекувам првиот повик од ИПАРД три да биде до крајот на август, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Според него, деновиве се очекува да биде потпишана и финансиската спогодба која ги распределува вкупните средства по мерки и години.

Вкупниот кофинансирачки дел на ИПАРД 3 ќе биде 120 милиони евра од кои 97 милиони евра се неповратни средства од ЕУ.

Николовски напоменува дека ако ИПАРД 3 заврши успешно, тоа ќе значи 250 милиони евра инвестиции во агро секторот.

ИПАРД 3 Програмата е 62 отсто финансиски „потешка“ од ИПАРД 2. Во неа, новина е тоа што се возможуваат авансни исплтаи до 50 отсо од висината на поддршката, веднаш по потпишување на договорот за инвестиција. Тоа знали, на пример, дека ако се конкурира со проект вреден 100 000 евра за мерка каде повратот на средствата е 60 проценти, апликантот преку авансното финансирање со склучување на ИПАРД договорот ќе добие 50 отсти од средствата или 30 000 евра однапред.

Се воведува и нов начин во обезбедувањето на потребната документација. Ќе се користат електронски системи за документи од Централен регистар или за одобренија за градба, со што ќе се поедностави, олесни и забрза процесот, а ќе се намалат и трошоците на корисниците.

Досега, просечната вредност на инвестициите во мерката 1 беше 17 000 евра, во мерката 7 вкупно 168 000 евра, додека во мерката 3 каде аплицираат сите извозно ориентирани компании е 246 000 евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK