Dioptra Optics ексклузивно ја претстави најновата колекција на Valentino очила во Македонија

Foto Cover_Valentino 30.10.2024
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Водечкиот македонски дистрибутер на луксузни брендови за очила Dioptra Optics, продолжува да ги поставува трендовите со синоќешното лансирање на најновата колекција на очила од Valentino, за време на ексклузивен настан кој обедини многу љубители на модата, влијателни личности и локални тренд-сетери.


Dioptra уште еднаш успеа да го доближи глобалниот луксуз до домашните клиенти на настан кој ги спои стилот, иновацијата и елеганцијата, совршено отсликувајќи ја најновата колекција на брендот Valentino. Истата е составена од модели кои го отелотворуваат италијанскиот дух на софистициран дизајн, реализиран преку врвна јапонска технологија од чист титаниум. Добиениот резултат се ексклузивни очила создадени само за оние чиј напреден вкус ја цени префинетоста и извонредноста.

Настанот се одржа во уникатната концепт-продавница Dioptra Couture во строгиот центар на Скопје, која е препознаена како една од најубавите и најреномирани оптики на светско ниво.

„Преку нашите соработки со светски признати брендови, успеавме да ја збогатиме македонската модна сцена со ексклузивни колекции кои претходно беа достапни само во модните центри како Париз, Милано и Њујорк,“ изјави Марија Костуранова, сопственичка на Dioptra Optics. „Нашата мисија останува да го понудиме само најдоброто, поставувајќи висок стандард за квалитет и дизајн во оптиката и веруваме дека токму тоа го заслужуваат нашите клиенти.“

Со очилата на Valentino, кои сега се достапни во елегантните салони на Dioptra Couture сместени во хотел Мериот и East Gate Mall во Скопје, посетителите добиваат ексклузивен пристап до префинет избор на луксузни модели кои ја одразуваат безвремената естетика и современите трендови. Колекцијата на Valentino се приклучува на реномираната палета од брендови како што се Balmain, Akoni и многу други, потврдувајќи уште еденаш дека Dioptra Couture останува на врвот на македонската и регионалната модна сцена за очила.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK