Деспотовски: Добро е што Вабтек ќе инвестира и ќе ги прошири своите капацитети, работевме на тоа

Despotovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Навистина е добра веста дека американската Вабтек (Wabtec) ќе ја реализира својата нова инвестиција и значително ќе ги прошири своите капацитети во Македонија, вели поранешниот директор на ТИРЗ од СДСМ, Јован Деспотовски.


„Повеќе од две години со тимот од ТИРЗ работевме заедно со оваа компанија, која веќе вработува над 350 наши сограѓани. Се боревме заеднички со предизвиците од различни институции. Институции и политичари кои заборавија дека работат за интересите на државата и граѓаните. Се боревме и на суд, каде добивме заедно со компанијата. Одлуката сè уште не е спроведена. Сепак, добро е што овие предизвици се сега минато“, рече Деспотовски.

Нагласи дека заслужува да се поздрави решеноста на Владата “да пресече” и оваа инвестицијата која е важна за сите граѓани да се случи.

Неговите сопартијци од СДСМ не ја поздравија инвестицијата. Утрово од партијата преку соопштение истакнаа дека се работи за компанија која 16 години веќе работи во Македонија. Од тука велат дека Вабтек барала проширување на операциите во државата и се водела постапка одамна во рамки на институциите, при што заради негативно мислење на Комисијата за заштита на конкуренција тоа не се реализирало. Во рамки на овој процес имаше и судска постапка, посочија од СДСМ. Го повикаа Мицкоски и да ги објави условите под кои ќе го проширува производството компанијата Вабтек и што точно е договорено со компанијата.

Мицкоски вчера соопшти дека американски Вабтек ќе инвестира во Македонија. Рече дека се работи за компанија којашто е дел од 500. најголеми компании во САД, а се занимава со производство на сопирачки за шински возила и најави 100 нови вработувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK