Дали е на повидок повторно оштетување на доверителите на Еуростандард банка?

Eurostandard zgrada
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По барање на стечајниот управник од страна на судијката е донесено решение со кое е поништена третата лицитација за продажба на зградата на Еуростандард Банка, а со тоа и спроведената електронска продажба. Иако 88,1 % од доверителите биле согласни за продажба, на собранието на доверители одржано на 15.09.2023, стечајниот судија на предлог на стечајниот управник, носи одлука дека е потребно повторно да се направи нова процена на вредноста на зградата, прецизно знаејќи што следи по три неуспешни лицитации. Односно прераспределба на имотот, што значи дека доверителите добиваат само на хартија потврда дека поседуваат процентуален дел од деловната зграда на Еуростандард Банка, која може да ја уновчат од идна продажба, а која е неизвесна дали воопшто ќе се случи во блиска иднина. На последната јавна лицитација учество земаа две компанија.

Кој е статусот?


Во меѓувреме дел од доверителите имаат поднесено жалба, со надеж дека судовите ќе имаат разбирање за ситуацијата, и дека ќе донесат одлука која е во интерес на поголемиот дел од доверителите, како и на самата држава, и ќе придонесат повторно да се гласа и одлучува на собрание за тоа дали ќе се прифати продажбата.

88,1% од доверителите се eдногласни: потребна е брза продажба на деловната зграда на Еуростандард Банка.

 

Со евентуалната продажба ќе се обештетат доверителите во висина на 85% од нивните побарувања.

Прашуваме?

Дали стечајниот управник бидејќи добива месечен надомест од 50,000 евра, за спроведување на стечајната постапка, кои се однесуваат за трошоци и плати, износ за кој никој не знае како се трошат?  Дали е тоа причина за одолговлекување на постапките?

Дали е тоа истиот стечаен управник кој во спрега со стечајниот судија ги кочеше постапките, покажа неефикасност и одолговлекување во случаите со Охис и ТеТо, за што има добиено кривични пријави? Во целата оваа ситуација контрадикторно е што самиот стечаен управник како што истакнуваат нашите извори сугерирал кај дел од доверителите да гласаат против, иако тој треба да биде независен и да не влијае на процесот.

Тука логично се поставува прашањето кој треба да ги заштити интересите на доверителите? Кој прави надзор на стечајниот управник, на стечајната судијка.

3 години трае овој процес и нема решение. Зградата пропаѓа, и прашање е дали ако се одолговлекува и понатаму ќе има некој заинтересиран да ја купи. Доверителите треба да знаат и дека со чинот на поништување на третата аукција, и прераспределба на зградата настануваат големи трошоци, треба да се плати данок, судски трошоци, плати трошоците за одржување, а сето тоа ќе биде на товар на доверителите.

Објектот не може да се продава парцијално туку само интегрално. И секогаш може да се најде некој доверител кој да речеме има само 7м2 и кој ќе ги кочи сите процеси. Што доведува до заклучок дека прераспределбата е чин кој ќе биде погубен за доверителите.

Работите се очигледни! Потребна е правилна реакција од надлежните институции, и поголема одговорност.

 

Од доверителите на Еуростандард Банка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK