Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, присуствуваше на отворањето на Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024, посветен на зелени решенија и иновативни технологии. На саемот каде учествуваат повеќе од 30 компании од земјава и од регионот се презентираат најновите технолошки достигнувања и стратегии за справување со глобалните енергетски предизвици.
„Успешна енергетска транзиција кон зелена енергија е наша долгорочна цел за енергетската иднина на нашата земја. Потенцијалот за обновлива енергија во нашата земја е огромен, а една од задачите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е создавање на услови кои потикнуваат иновации и напредок во овој сектор. Затоа го охрабрувам секој од вас, нашите деловни лидери, посветени професионалци и стручни лица во индустријата, да продолжите да развивате решенија кој ќе ја намалуваат нашата зависност од конвенционалните извори на енергија и ја интегрираат обновливата енергија во нашиот секојдневен живот.“, рече Божиновска.