Финансиската поддршка на Владата значи многу за компаниите, го зголемува бројот на работни места и ја подобрува материјалната состојба на компаниите и со тоа и на самите вработени.
Ова е пораката која му беше упатена на заменикот на претсетседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи при неговата посета на компанијата „Русе Комерц“ во Гевгелија, каде беше придружуван од Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Според Битиќи преку ЗФПИ, нашите компании се поконкурентни и поразвниени, бидејќи само така можат да обезбедат достоинствени плати за нивните вработени.
„Работниците се силата на нашата економија и на целото општество, затоа Владата освен преку ЗФПИ се погрижи во новиот пакет антикризни мерки да воведе мерка за достоинствени плати во приватниот сектор. Обезбедивме финансиска поддршка за субвенционирање на придонесите на нови и постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3.000 – 9.000 денари“, рече Битиќи.
До сега Владата има поддржано 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси со реализирани 500 милиони евра инвестиции, подржани со 100 милиони евра.