Binance Pay соопшти дека над 20 милиони трговци ширум светот сега прифаќаат плаќања преку платформата, за разлика од почетокот на годината кога имало само 12.000 трговци. Тоа значи дека бројот на трговци во рок од само 10 месеци е зголемен за 1.700 пати. Овој забрзан напредок ја покажува сè поголемата примена на крипто и плаќањата со стабилни коини во секојдневната трговија.
„Сега имаме трговци низ целиот свет, вклучувајќи ги Латинска Америка, Африка, Европа, Блискиот Исток и Азија. Тоа е јасен знак дека плаќањата со криптовалути наголемо влегуваат во секојдневниот живот“, соопшти најголемата крипто берза во светот.
Стабилните коини како USDT, USDC, EURI, XUSD и FDUSD стануваат доминантен избор за корисниците поради брзите трансакции, ниските трошоци и глобалната достапност. Според податоците на Binance Pay, стабилните коини сочинуваат над 98 проценти од B2C плаќањата на Binance Pay во 2025 година, што ја истакнува нивната растечка улога како префериран метод на плаќање.
Од своето лансирање, услугата има обработено повеќе од 250 милијарди долари трансакции, а корисничката база надмина 45 милиони корисници.
Растот се гледа и на индустриско ниво. Artemis известува дека плаќањата со стабилни коини достигнале над 10 милијарди долари месечен обем, што претставува пораст од 82 отсто само годинава. EY проценува дека стабилните коини би можеле да учествуваат со 5 до 10 проценти во глобалните плаќања до 2030 година, иако реалниот раст може да биде и поголем поради забрзаната технолошка адаптација.
Трендот веќе ги поттикна традиционалните финансиски институции да воведат иновации, меѓу кои и SWIFT, кој неодамна претстави сопствен блокчејн-леџер за побрзи и поевтини трансакции.

Binance Pay продолжува да го проширува присуството преку партнерства со светски брендови како JW Marriott Cannes, KFC South Africa и SPAR Switzerland, како и преку национални интеграции: Pix системот во Бразил, QR-плаќањата во цела Аргентина, како и туристичката платформа на Бутан, каде посетителите можат да плаќаат со крипто.
Со ова, Binance Pay се позиционира како еден од клучните двигатели на новата ера на дигитални, инстант и безгранични плаќања.