Како сребрен партнер на годинешниот Интернационален фестивал на филмската камера Браќа Манаки, БИМИЛК ја носи својата креативна енергија преку брендот Баланс+, кој е синоним за добробит и совршен баланс во секојдневието. Преку оваа уникатна соработка, Баланс+ e дел од секој кадар на фестивалската магија, исто како што тој е дел од секој ваш ден.
Со мотото „Секој ден потребен“, Баланс+ се вклучува во фестивалските активности, инспирирајќи ги посетителите да го пронајдат својот баланс во брзото секојдневие. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во корнерите кои ќе ги создаде Баланс+ и да се инспирираат за подобар, поздрав живот додека ги следат најдобрите кинематографски остварувања од целиот свет.
Фестивалот Браќа Манаки го слави уметничкиот дух и филмската уметност, а со Баланс+, оваа година ја славиме и здравата, балансирана исхрана – секој ден, на секоја филмска проекција.
Поддршката на културата и создавањето богато културно наследство се особено значајни за Бимилк. Партнерство со Манаки уште еднаш ја потврдува стратешката определба да биде одговорна компанија која активно учествува и придонесува во сите значајни општествени случувања и ја поддржува македонската култура и филмска уметност.