Берза на таленти на Бреинстер: Преку партнерства со компаниите ги зголемуваме можностите за вработување на нашите студенти

brainster_000
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едукативно-технолошката организација Бреинстер (Brainster), со квалитетно образование за вработување, иновација во учењето, работа на реални проекти и ангажман на најдобрите експерти од праксата, изминативе осум години прерасна во број еден избор на студентите меѓу едукативните центри. Денес, заедницата на Бреинстер брои над 11.500 студенти, кои се стекнаа со нови знаења и вештини за професиите од 21 век.

Во соработка со партнери-донатори, Бреинстер постојано го иновира образованието и своите образовни програми, нудејќи пионерски хибридни можности за учење кои им овозможуваат на студентите самостојно да ја управуваат својата образовна оска, со индивидуално темпо преку флексибилна и достапна средина за учење.


Иновативниот пристап на Бреинстер подразбира и креирање на кариерен модул со кој студентите добиваат шанса за поперспективна иднина и професионален напредок. Благодарение на него, тие се подготвени за успешен почеток на својата кариера. Во соработка со партнери од индустријата, го зголемува коефициентот на вработливост на своите студенти. Па така, преку својот тим „Парнерства“, само во изминатите две и пол години, остварени се 734 вработувања на студенти од Бреинстер.

„Овој податок не го гледаме само како бројка. Го гледаме како 734 индивидуалци чиј живот се променил со тоа што ја постигнале својата главна цел – успешна кариерна трансформација“, вели Јана Тодоровска, тим лидер на „Партнерства“.

Партнерство со над 150 компании

Бреинстер игра клучна улога и во поврзувањето на студентите со можностите за вработување. Сите вработливи студенти ги претставува на едно место преку својата „берза на таленти“ – платформа која им овозможува на компаниите да побараат соработка, да селектираат поединци, чии квалификации одговараат на нивните потреби, и да им понудат вработување.

„Партнерствата се обостран процес. Преку размена на идеи и заедничка работа на проекти, црпиме информации за тоа каков треба да биде „идеалниот“ студент. Врз база на тоа, ги креираме нашите програми и ги подготвуваме студентите за работа во реалниот сектор. Ова е „win-win“ ситуација – студентите учат преку работа, а клиентите добиваат ултра иновативни решенија за нивните проекти, како и професионален кадар. Нашите програми се базирани на концептот „education for employment“ (образование за вработување). Ова значи дека се креирани и посветени на практични вештини или квалификации, кои се најбарани на пазарот на трудот во моментов. Ние во Бреинстер ова го нарекуваме вработливост  – поради опсесивната посветеност кон зголемување на коефициентот на вработливост на нашите студенти“, објаснува Тодоровска.

До овој коефициент на вработливост стигнуваат преку едукативни програми фокусирани на работа на реални проекти и паралелно развивање на т.н. меки вештини кај студентите.

„Меките вештини имаат големо влијание на тоа кој студент ќе се издвои од толпата. Под вештини за вработување подразбираме: комуникациски и презентациски способности, активно слушање, структурирано говорење, преговарачки тактики, мотивација и друго. Дополнително, на студентите им помагаме да го подготват своето CV и портфолио. Токму поради ова, сите студенти на нашите академии имаат задолжителен „кариерен модул“. Овој модул го креиравме со поддршка на експерти од HR-индустријата, кои на нашите студенти им пренесуваат добри практики за како да се подготват за да стигнат до првото интервју, меѓутоа и како од прво интервју да стигнат до вработување“, вели таа.

Бреинстер остварува партнерства со над 150 компании од земјава и од странство. Овие соработки се долгорочни и не се фокусирани само на реализирање на вработувања, туку и на поддршка на студентите додека студираат. Компаниите не се само пасивни учесници во процесот на едукација и раст на студентите, туку се составен дел од целокупното искуство кое го нуди Бреинстер. Овие партнерства се преточуваат во соработки на реални проекти, хакатони, настани за вработување и сè  што е потребно студентот да се изгради во комплетен професионалец – со одлично теоретско и практично знаење.

Повеќе од 300 реални проекти

Алумни-студентите од академиите на Бреинстер, како и студентите од првиот практичен ИТ-факултет Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College) имаат реализирано повеќе од 300 реални проекти кои се имплементираат во заедницата и кои носат вредност за граѓаните. Во основа на голем дел на проектите на студентите е „tech for good“, односно користење на технологија за да стигнеме до вистинска промена. Често соработуваат и со невладини организации, граѓански иницијативи и институции како: Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Донирај компјутер, еко-стартапот Реди рециклажа, Специјална олимпијада Македонија, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Универзитетското студентско собрание на УКИМ, скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“ и многу други.

Од проектите за доброто на заедницата, најактуелен е Air Care – хакатонот, на кој студентите на Бреинстер креираат апликацијата Breathe.mk. Оваа апликација, што во иднина ќе ја користат граѓаните, ќе овозможи следење и пријавување загадување на воздухот, по што на терен ќе излезат инспектори за животна средина од Град Скопје.

„Нашата компанија се заложува да креира општествено одговорни проекти, кои даваат позитивен придонес на заедницата. Како организација веруваме во инвестирање во дигитални решенија и апликации што ќе прават добро за заедницата, а исто така  веруваме дека нашите студенти ќе ги креираат тие решенија. Се надевам дека сите заедно со  овој хакатон ќе влијаеме Скопје, а и цела наша држава да дише почист воздух“, изјави Тодоровска.

Благодарение на ваквиот иновативен пристап во образованието Бреинстер, не само што доживеа значителен раст со текот на годините, туку и ја зацврсти својата позиција како пионерска едукативно-технолошка организација во Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK