(Париз, 24 март 2025) Ардиан, една од водечките светски компании со приватен капитал, објави дека е постигнат договор за преземање на Акуо, водечката компанија во производството на енергија специјализирана за обновливите извори на енергија.
Основана во 2007 година и поддржана од ICG (Глобален алтернативен менаџер на капитал) од 2022 година, компанијата Акуо стана главен играч во производството на обновлива енергија. Специјализирана за производство на енергија од ветер, фотоволтаици и батериски системи, Акуо е присутна на десетина клучни пазари во Европа и на двата американски континенти. Компанијата е насочена кон развивање на локални извори на енергија коишто придонесуваат кон целите за декарбонизација и енергетска независност.
Како резултат на иновациите капацитетот за производство и складирање на Акуо се очекува да достигне 1,9 Гигавати до крајот на 2024 година, со цел да достигне 5 Гигавати до 2030 година. Овој раст е поддржан од обемното портфолио на проекти во развој.
Ардиан ќе ја искористи својата експертиза во секторот за обновлива енергија за да го поддржи Акуо во следната фаза на раст. Освен што ќе ги искористи цврстите основи на компанијата за да ги следи амбициите за раст, Ардиан ќе го обезбеди и потребниот финансиски капацитет за имплементација на бројните проекти на Акуо за обновлива енергија.
„Горди сме што можеме да го поддржиме Акуо во следната фаза од неговиот развој. Оваа трансакција ја одразува нашата посветеност за поддршка на платформите за претприемничка инфраструктура со висок потенцијал на нивното патување кон индустријализација и раст како дел од енергетската транзиција“, изјавија од Ардиан.
За Беноа Гајлошет, кодиректор за инфраструктура во Европа, Ардиан „оваа аквизиција е одлична можност за Акуо, која со Ардиан како долгорочен партнер ќе може да ја поддржи следна фаза на раст. Тоа ќе му овозможи на Акуо не само да го насочи својот бизнис и да го прошири своето меѓународно присуство, туку и побрзо да ги следи иновациите, за да одговори на утрешните енергетски предизвици“.
„Би сакал да ја изразам мојата гордост и благодарност до сите вработени кои помогнаа да се изгради она што стана Акуо: група со таков квалитет е плод на работата на мажите и на жените кои го здружија најдоброто од себе“, изјави Гајлошет.
Ерик Ското, коосновач на Акуо изјави дека се задоволни што придонеле за успехот на Акуо. „Акуо ја покажа својата пионерска позиција во развојот на обновливите извори на енергија. Убедени сме дека Ардијан ќе ги обезбеди потребните ресурси за дополнително зајакнување на позициите на компанијата и за забрзување на нејзиниот раст“, смета Ското.
„Ардиан инвестира во обновливите извори на енергија од 2007 година, позиционирајќи се како пионер во енергетската транзиција. Преку инфраструктурните фондови на Ардиан, тимот веќе управува со над 8 гигавати топлински и обновливи енергетски капацитет во Европа и Америка и управува со повеќе од 35 милијарди долари. Трансакцијата останува предмет на процесот на правни информации и консултации со релевантните претставнички тела на вработените и со овластување од релевантните регулаторни органи“, изјави Пенелопа Дич, Управен директор, Стратегија за инфраструктура на ICG
ЗА АРДИАН
Ардиан е водечка приватна инвестициска куќа во светот, која управува со 177 милијарди долари во име на повеќе од 1.850 клиенти на глобално ниво. Широката експертиза, која опфаќа приватен капитал, недвижен имот и кредит, овозможува да нуди широк спектар на можности за инвестирање и за флексибилен одговор на различните потреби на клиентите. Преку Ardian Customized Solutions се создаваат портфолија кои им овозможуваат на институционалните клиенти да ги специфицираат средствата што им се потребни и да добијат пристап до средства управувани од водечки спонзори од трети страни. Private Wealth Solutions нуди посветени услуги и решенија за пристап до приватни банки, семејни канцеларии и приватни институционални инвеститори ширум светот. Главната акционерска група на Ардиан се нејзините вработени. Адриан има повеќе од 1.050 вработени, распространети низ 20 канцеларии во Европа, Америка, Азија и Блискиот Исток кои се силно посветени на принципите на одговорно инвестирање. Целта е да испорачаат одлични инвестициски перформанси во комбинација со високи етички стандарди и општествена одговорност. Во Ардиан се инвестира во изградба на компании кои траат.
ardian.com
ЗА АКУО
Акуо е француски независен производител на обновливи извори на енергија (ветер, сончева енергија и складирање) и дистрибуирана енергија. Групацијата е присутна низ целиот синџир на вредности: развој, финансирање, изградба и работење. До крајот на 2024 година, Акуо ќе има вкупен капацитет од 1,9 GW во функција и во изградба, и проектно портфолио од над 12 GW. Со над 450 вработени, групацијата, со седиште во Париз, развива проекти во повеќе од дваесет земји во светот.
www.akuoenergy.com
ЗА ICG
ICG нуди флексибилни капитални решенија за поддршка на компаниите во нивниот развој и раст. Во бизнисот ICG егзистира повеќе од 35 години и е еден од водечките светски менаџери со алтернативни средства. ICG управува со средства од 107 милијарди долари и инвестира во целата структура на капиталот. Тимот на ICG Infra управува со над 4,0 милијарди евра во Европа. ICG гради трајни односи со своите деловни партнери за да создаде вредност за акционерите, клиентите и вработените и ја користи својата позиција на влијание за да има корист за животната средина и општеството. ICG е посветена да биде управител на средства со нето нула емисии во сите свои активности и поврзани инвестиции до 2040 година. ICG е членка на FTSE 100 и котира на Лондонската берза.
icgam.com