АППТ: Oчекувањата до 2025 година се значителен раст на македонскиот туризам и зголемување од 50% на ноќевања и гости од земјите на Опен Балкан

АППТ-Oчекувањата-до-2025-година-се-значителен-раст-на-македонскиот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година има значајна улога во презентација на македонските туристички потенцијали на саемот “Винска Визија на Отворен Балкан” – Вино, храна и туризам, кој се одржува од 16ти до 19ти ноември во Белград, Република Србија.


„Резултатите на Отворениот Балкан се видливи на полето од туризмот преку овогодишните постигнувања во туристичкиот сектор, кој е во раст не само помеѓу трите земји, Северна Македонија, Србија и Албанија туку и поединечно споредбено со останатите земји во регионот и Европа. Македонскиот туристички сектор се повеќе се фокусира на промоција и понуда на eно- гастро концептот создавајки уникатни искуства во винските региони, семејните винарии и традиционалната храна. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во стратешкото планирање за следните две години предвиде повеќе проекти на ова поле, со патно означување на винските патишта, изработка на винска туристичка мапа и дигитални алатки преку кои ќе мотивираме повеќе туристи да дознаат за традицијата, историјата и македонските вина“, потенцираше директорот на Агенцијата за туризам, д-р Љупчо Јаневски.

Овогодишната промоција на саемот „Винска Визија на Отворен Балкан” од страна на АППТ покрај концептот базиран на новото туристичко лого „Taste Life” е збогатена со резбарскиот, филигранскиот занает како дел од историското и културното наследство, а техниките се презентираат од врвните мајстори на широката публика на оваа саемска манифестација. Саемот „Винска Визија на Отворен Балкан” е одлична можност за дополнителна промоција пред потенцијалните туристи од регионот и задржување на позитивните резултати од 2023 година и во наредниот период. Македонскиот туристички сектор во првите девет месеци од 2023 година оствари 2.700.000 ноќевања, конкретно учеството на српските ноќевања од вкупниот број странски туристички ноќевања остварени во државава е 10%, што е одличен показател за значењето на српскиот туристички пазар. Преостануваат уште три месеци од годинава за постигнување на целта од 3,2 милиони ноќевања и повеќе од 530 милиони долари туристички промет.

Концептот на Отворен Балкан е со реални можности за сите држави кои ја споделуваат оваа економска визија, која ќе создаде конкурентна дестинација во многу аспекти од туристичката индустрија. Агенцијата за туризам продолжува со туристичка соработка, реализација на информативни патувања, обележување и создавање на вински патишта, аплицирање на ИПА проекти, со фокусирана медиумска кампања и промоција на ено-гастро концептот во рамките на регионот, и очекува до 2025 година зголемување од 50% на гостите и ноќевањата од земјите на Опен Балкан“, се вели во соопштението на Агенцијата за туризам.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK