Аплицирај и активирај ја твојата Mastercard Contactless на Халкбанк и добиј вредносен ваучер

MK_1680x1172
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дали знаевте дека постои сигурен, ефикасен и брз начин на плаќање со Mastercard Contactless (бесконтактна) кредитна картичка на Халкбанк?

Со оваа картичка, не е неопходно користење на готовина, доволно e да ја доближите картичката до ПОС терминалот и трансакцијата е завршена.


Халкбанк им овозможува на клиентите кои ќе аплицираат за Mastercard Contactless кредитна картичка и ќе направат трансакција на ПОС терминал или онлајн, да добијат дигитален ваучер од Giftcards.mk во износ од 1.200 денари. Понудата важи за првите 500 корисници што ќе ги исполнат условите.

Клиентите кои ги исполниле условите за добивање на вредносен ваучер, на елекстронската адреса која ја имаат оставено за контакт, ќе добијат линк и порака со упатство за користење на дигиталниот ваучер. По избирање на ваучер за еден од понудените трговци, ќе добијат баркод кој потоа може да се реализира  во продажните места со прикажување на истиот преку телефон или друг уред.

Една од предностите на Mastercard Contactless кредитните картички е можноста за повлекување готовина без провизија последните седум денови од секој месец од банкоматите на Халкбанк АД Скопје.

Плаќањето со оваа картичка се врши без ПИН авторизација или потпис до лимит од 2.000,00 мкд, одреден од Банката, или до лимитот за бесконтактни трансакции поставен на ПОС терминалот.

Mastercard Contactless кредитните картички немаат ограничување на лимитот во број на плати, а минималниот долг за плаќање изнесува 5%. Корисникот на оваа картичка добива и можност за плаќање до 60 рати без камата кај над 800 партнери на банката.

За корисникот на картичката, Mastercard Contactless кредитната картичка овозможува 10% пониски цени при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.

Картичката е меѓународна, поддржува интернет плаќања без провизија за трансакции на домашни и странски интернет страни и за истите добивате мејл известување за секоја направена трансакција.

Сите заинтересирани можат веднаш да аплицираат преку достава на апликација во најблиската филијала/експозитура или преку онлајн апликација, а има можност и за онлајн аплицирање преку електронско банкарство или мобилната апликација.

Картичките издадени од Халкбанк А.Д. Скопје ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure – Verified by Visa – VbV и MC Secure Code).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK