Вештачката интелигенција повеќе не е далечна иднина – таа е тука, дел од нашето секојдневие.
Од автоматизација на задачи, преку револуционизирање на индустрии, па сè до трансформација на начинот на кој работиме и живееме – ВИ веќе го обликува светот околу нас. Брзиот развој на овие технологии носи предизвици, но и огромни можности. Токму затоа, потребен е активен дијалог, разбирање и практична примена на сите можности кои ги нуди вештачката интелегенција.
На AI Tech Summit 2025, што ќе се одржи од 30 септември до 01 октомври во Скопје, докажани експерти и панелисти од различни индустрии ќе ги споделат своите знаења и искуства – како ВИ се применува во здравството, финансиите, производството, малопродажбата и многу други сектори.
Ова издание на самитот става акцент на конкретни решенија:
апликации, алатки и стратегии за дигитална трансформација, кои се клучни за секој што сака да чекори напред.
Минатата година, настанот обедини над 700 професионалци. Оваа година, очекувањата се уште поголеми – со агенда исполнета со инспиративни говори, дискусии, едукативни сесии и вмрежување. Учесниците ќе заминат со конкретни ВИ вештини и практични знаења, подготвени веднаш да ги применат.
На сцената ќе ги видиме имињата на Marco Guerriero, Michael Berns, Andreas Horn, Alla Pavlova, Damjan Veljanoski, Mollie Claypool, и многу други.
Покрај тоа, третото издание на AI Tech Summit 2025 во Скопје добива уште подлабоко значење – посветеност и чест кон Филип Аврамчев, основачот на самитот за вештачка интелигенција. Неговата визија беше јасна: да ја доближи вештачката интелигенција до секого и да го постави Скопје како центар на иновации во регионот. Денес, таа визија живее преку секој панел, секоја дискусија и секоја идеја на овој самит.
AI Tech Summit не е обичен настан. Тој е двигател на иднината.
Бидете дел од неа.
Картите се достапни тука: www.techsummit.ai
Следете нè на Instagram и Facebook за најнови објави, ексклузивни видеа и најави на говорници.
Погледнете дел од атмосферата од минатото издание: