Согласно најновите објавени податоци[1] за трансакции на места на продажба за е-трговија (со исклучок на трансакциите со електронски пари) на Народната банка на Република Северна Македонија во првата половина од 2024 година вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 20,899.8 милиони денари или 339.8 милиони евра. При тоа кон македонските е-трговци биле направени онлајн трансакции во вредност од 210.2 милиони евра од домашни и странски иматели на платежни картички. Тоа преставува учество од 61.8% во вредноста на направените вкупни онлајн трансакции. При тоа од македонски иматели на платежни картичи кон домашните е-трговци направена е вредност од 11,875.6 милиони денари или 193.1 милиони евра, што преставува учество од 56.8%, од странци направена е вредност од 1049.7 милиои денари или 17.1 милиони евра односно учество од 5%. Од друга страна Македонците во странство напавиле онлајн трансакции во вредност од 7974.5 милиони денари или 129.7 милиони евра односно 38.2% од вредноста на вкупните трансакции.
Според усогласувањето на извештаите во податоците од доменот на платежната статистика со Законот за платежни услуги и платни системи се известува и за повторливи онлајн транскации (Recurring payments) кои може да се однесуваат за плаќање на сметки или претплати за најразлини услуги. На домашниот пазар кон домашните е-трговци повтроливи трансакции се направени во вредност од 53.7 илјади евра или 0.03% од остварената вредност, додека Македонците во странство направиле повтроливи трансакции во вредност од 6.1 милиони евра или 4.7% од остварената вредност.
Вкупната вредност е остварена со направени 10.3 милиони онлајн трансакции односно просечаната трансакција изнесува 33 евра. Притоа најмала е вредноста на просечната трансакција направена од домашни иматели на платежни картички кон домашни е-трговци и изнесува 30,8 евра, потоа од странски иматели кон домашни е-тровци од 33.3 евра и највискоа од домашни иматели кон странски е-трговци 37.2 евра. При тоа повтроливите трансакции направени кон домашните е-трговци изнесуваат просечно околу 20 евра, додека кон странските е-трговци просечната трансакција изнесува 15.8 евра.
– “При анализата на податоците од Народната банка на Република Северна Македонија, мора да објасниме дека тие ја прикажуваат состојбата во е-трговијата во потесна смисла на зборот, односно направените онлајн нарачки кои исто така се и платени онлајн. Меѓутоа мора да се имаат во предвид податоците кои укажуваат дека според навиките и менталитетот Македонците како и другите интернет купувачи од соседните змеји од Западен Балкан се љубители на плаќања во ќеш. Податоците од 2021 година на Global Findeks датабазата покажуваат дека само 43% од Македонците кои поседуваат платежни картички истите и ги употребуваат, додека 47% од направените онлајн нарачки се платени во готовина при достава (Cash on Delivery). Исто така направената анкета во рамки на најновата анализа која ја изработува АЕТМ како Извештај за е-трговијата на Западен Балкан, подржана од НЛБ групацијата на 40 е-трговци од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија покажува дека балканските е-купувачи преферираат ‘Cash on Delivery’. Дури кај 72.5% од балканските е-трговци, доминантен платежен метод е плаќањето во готово при прием на практата. Ова ни покажува дека вредноста на онлајн нарачките е многу повисока ако се земе во обзир е-трговијата во поширока смислам на дефиницијата, а за тоа е потребно прибирање и на овие податоци за ‘cash on delivery’ плаќањата. Дополнително секогаш ја спомнуваме и ширината на прибраните податоци од Народната банка кои ги опфаќаат сите онлајн трансакции направени со платежни картичи, каде може да влезат плаќање на сметки и др. услуги онлајн. Она што е новина во известувањето според усогласувањето на содржината, начинот, формата и роковите за доставување и објавување на податоците и информациите за платежна статистика, според Законот за платежни услуги и платни системи е што се одвоени повторливите плаќања кои се однесуваат во главно на претплати/членарини за сервис провајдери како Netflix, Youtube и сл. Работиме и го следиме прогресот и развојот на е-трговијата, а затоа се потребни и релевантни официјални податоци за преземање на соодветни активности и иницијативи за унапредување на климата за македонската е-трговија.” – вели Претседателката на АЕТМ, д-р. Нина Ангеловска Станков.
[1] Народната банка на Република Северна Македонија ги усогласи извештаите за податоците од доменот на платежната статистика со Законот за платежни услуги и платни системи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 90/22 и бр. 64/24), Одлуката за содржината, начинот, формата и роковите за доставување и објавување на податоците и информациите за платежна статистика („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 12/23) и Упатството за доставување податоци и информации за платежната статистика („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 208/23). Почнувајќи од 1 јануари 2024 година, известувачите за првпат ги доставуваат податоците и информациите во согласност со Законот, Одлуката и Упатството.