Земјотреси со интензитет од 4,4 и 4 степени ја погодија јужна Турција

zemjotres_34535345444
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотреси со интензитет од 4,4 и 4 степени се регистрирани рано изутрината во јужните турски покраини Малатија и Кахраманмараш, јави турската приватна телевизија НТВ, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Во 3 часот и 30 минути по полноќ се случи земјотрес со интензитет од 4,4 степени со епицентар во областа на градот Јесилурт во Малатја. Земјотресот бил на длабочина од 3,3 километри.


Подоцна, во 04:21 часот земјотрес со интензитет од 4 степени го погоди предградието Гоксун, округот Кахраманмараш. Овој земјотрес се случи на длабочина од 7 километри под површината на земјата.

Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во двата разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени во истата област на 6 февруари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK