Земјотрес со јачина од 3,8 степени е регистриран нешто пред 15:00 часот во Грција во областа Патра.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 14 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на 27 километри североисточно од Патра.
„Ненадејно тресење, но не траеше долго“, „Го почувствувавме тресењето“, напишаа граѓани кои не беа далеку од епицентарот на земјотресот.