Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција во поширокиот регион околу Атина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил во 8 часот и 26 минути по локално време, на длабочина од 11 километри, 79 километри северозападно од Перистери и 12 километри југоисточно од Мантуди.
Засега нема извештаи за материјална штета.