Загреб: Демолирано училиште од петарди

Screenshot-2025-01-01-185030.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За време на новогодишната ноќ, како и во сите делови на светот каде што се слави, низ Загреб одекнаа експлозии од разни видови петарди.


Ова не е чудно за време на прославата на новогодишната ноќ, но во Загреб луѓето кои сакаа да ја дочекаат Новата година на овој начин демолираа училиште, пишуваат тамошните медиуми.

Кон основно училиште во Загреб биле фрлени голем број на петарди а резултатот биле искршени стакла и целосно уништена влезна врата, пренесува „Јутарњи лист“.

Според написите на Јутарњи лист, на подот покрај скршеното стакло биле забележани многу употребени пиротехнички средства. Според изјави од читатели, се работи за училиште кое неодамна било реновирано.

„Кога ги видов овие слики едноставно не можев да верувам, па отидов да го видам во живо, сликата во најмала рака е срамна“; „Ова е најголемиот срам што се случи во нашата населба, да го уништиме новоизграденото игралиште, своето училиште вака“; „Тажно, премногу тажно. За доброто на нормалните деца и нормалните луѓе мора да се стави крај на ова дивјаштво“, се само дел од коментарите на шокираните жители на населбата.

Од загрепската полиција кусо коментираат дека засега се утврдуваат сите факти за ова дело, како и сторителите, а повеќе информации ќе има по полициската акција, пренесува медиумот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK