Авион за обука на грчкото воено воздухопловство се урна во близина на аеродромот во градот Каламата на Пелопонез. Пилотот загинал, пишува „Екатемерини“. Според некои информации експлозијата одекнала пред да се урне авионот, пренесува Катимерини.
По падот на тренинг авионот Т-2 е започната операција за пребарување и спасување.
Според локален претставник, авионот се урнал за време на полетувањето.
Полицијата, пожарникарите и војската се на терен.