За пет години во државните универзитети во Албанија 22,3 илјади студенти помалку

studenti_345353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Секоја година се помалку студенти има во државните универзитети во Албанија, што го потврдуваат и податоците на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, според кого, во однос на 2018 година, бројот е намален за 19,7 отсто, или за околу 22,3 илјади студенти.

-Постепеното стареење на населението кое ја намали младата возрасна група, заедно со иселувањето на младите, се сметаат за главни причини кои влијаат на овој тренд. На пример, возрасната група 15-24 се намали на 13 отсто од вкупниот број на крајот на 2022 година, од 16,1 отсто во 2018 година, наведува весникот „Монитор“.


За пет години, најголем пад на бројот на студенти е забележан во универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ во северниот град Скадар, каде истиот е преполовен. Во учебната 2022/2023 година се запишале само околу 3,7 илјади наспроти 8.245 во 2018 година.

На Универзитетот „Александер Џувани“ во Елбасан во 2022 година имало 37 отсто помалку студенти во споредба со пред пет години, во „Фан С. Ноли“ во Корча и „Исмаил Ќемали“ во Валона, околу 30 отсто помалку.

Единствено Универзитетот „Александер Мојсиу“ во Драч е со ист број студенти во споредба со пред пет години.

Во Универзитет во Тирана, кој е најголем во земјата, со 22 илјади студенти, или 24 отсто од вкупниот број, во последите пет години има за 25 отсто помалку студенти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK