Вулин: Третата светска војна започна, само прашање е дали ќе стане нуклеарна

aleksandar-vulin-800x579.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот вицепремиер Александар Вулин, кој е во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати истакна дека прашањето не е дали започна третата светска војна, „прашање е само дали војната ќе ескалира до употреба на нуклеарно оружје.


Со бомбардирањето на Србија, западните сили ја изгубија довербата на слободните земји, додаде тој.

„Агресијата на НАТО против Србија во 1999 година беше последното неказнето злосторство во проколнатиот и крвав 20 век. И никој не беше обвинет за тоа, а Обединетите нации никогаш не кажаа ништо за тоа, ниту пак го доведеа во прашање,  рече Вулин.

Тој го постави прашањето, како може некој да помисли да го води светот, ако нема никакви морални вредности?

„По агресијата против Србија, НАТО и Западот ја загубија својата морална сила. Како можете сега да побарате од Србија да се согласи дека, на пример, украинските граници се свети, а српските не се? Големите сили кои веруваат дека треба да го водат светот мора да бидат силни во економијата, војската и моралот за мене е најважниот дел од политиката, од човечкото општество, а тие го загубија во моментот кога почнаа да ја силуваат мојата земја, а се уште го прават тоа“, рече претседателот на српската влада.

Вулин додаде дека агресијата на НАТО, како во 1999 година врз Србија, не смее да се повтори во ниту една друга земја во светот.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK