Вучиќ: Зголемување на пензиите од 1 декември, верувам 11 отсто

vucic2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека владата на Србија го прифатила неговиот предлог и дека зголемувањето на пензиите нема да биде од 1 јануари в година, туку од 1 декември и оти верува дека ќе биде 11 отсто.


„Сакам да им порачам на нашите пензионери дека се чини оти владата ја прифати идејата за зголемување на пензиите од 1 декември, еден месец порано. Верувам дека ќе биде 11 отсто, а ќе има уште многу добри вести“, рече Вучиќ во видеопорака објавена на неговиот  инстаграм-профил „Иднината на Србија“.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK