Вучиќ: За првпат ќе бараме седница на СБ на ОН за заштита на Србите на Косово, како и средба со Столтенберг и НАТО

vucik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста најави дека Србија поради „организираното и подржано етничко чистење на Србите на Косово“ ќе побара итна средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и ќе побара, за првпат, седница на Советот за безбедност на ОН за заштита на Србите на Косово, преку КФОР и демилитаризација на северно Косово од Албанците, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ, осврнувајќи се на вчерашниот разговор со Мирослав Лајчак, кажа дека Србија исполнила се што е побарано од неа за да дојде до дескалација на состојбата на северно Косово и праша „како до ескалција да дојде, кога Приштина не го сака тоа и кога во тек е општ и организиран напад и етничко чистење на Србите на Косово.“


-Денес Србија се наоѓа во најтешка состојба, не поради нас, туку поради секојдневните акции на Приштина, што е блаконаклонето гледано од поединци во меѓународната заедница. Во тек е етничко чистење на Србите на Косово, кое е добро планирано, организирано, и кое е суштински подржано од дел на меѓународната заедница, изјави Вучиќ, наведувајќи детално бројни примери на „апсење, тепање, држење во притвор на угледни Срби.

Како што кажа, во тек се две планирани акции на Косово. Едната е бесправното заземање на повеќе точки на северно Косово од косовската полиција и претресите на возилата на Итна помош и напад на здравствениот систем и второто е „странската медиумска кампања подржана од владите“ со цел кримилизација на Србите и на СПЦ на Косово.

Вучиќ изјави дека британската пратеничка Алиша Кернс, која рече дека СПЦ учествува во шверцот на оружје, е позната по своите антисрпски активности и дека Србија ќе покрене истрага против неа, „ако владата на Велика Британија не реагира“.

Како што кажа, „Србија е подготвена да ги продолжи разговорите, но дека е јасно дека работите излегле од контрола и дека Србија е втурната во ќош“ поради што ќе побара итен разговор со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, како и дека Србија за првпат поради настаните на Косово ќе побара свикување итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации.

-Немаме право да дозволиме понатамошен погром, прогон и етничко чистење. На седницата ќе бараме Советот за безбедност врз основа на своите овластувања да преземе итни мерки за заштита на животите на Србите и слободата на Србите на Косово. Ова конкретно значи дека ќе бараме Советот за безбедност да му нареди на КФОР да ги исполни обврските пропишани со членовите 9 и 15 од Резолуцијата 1244, како и членовите 3 и 4 од Анекс 2 од таа Резолуција, објасни Вучиќ.

Тој посочи дека тоа значи веднаш на терен да се спречи понатамошното дејствување на сите безбедносни и други структури на властите во Приштина кои ги загрозуваат животите, слободата, безбедноста, достоинството и опстанокот на Србите на Косово и да се демилитаризираат сите албански формации во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН.

Тој додаде дека набргу ќе донесе одлука за барањето на „Српска листа“ за прогласување на полициските структури на северно Косово за терористички организации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK