Вучиќ за протестот во Нови Сад: Србија ќе ги казни сторителите на кривичните дела

protest-novi-sad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се огласи на Инстаграм за протестот во Нови Сад.


„Во Нови Сад се водат морничави, насилни протести против државата Србија. Србија ќе го брани своето знаме, своето име и презиме и ќе ги казни сите сторители на кривични дела. Не се сомневајте во тоа!“, напиша Вучиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

Фекалии завршија врз Градското собрание во Нови Сад, за време на денешните протести, пришто демонстрантите повикаа на одговорност поради смртта на 14 лица по уривањето на натстрешницата на железничката станица во тој град.

Кон Градското собрание, како што јавуваат српските медиуми, маскирани лица фрлале камења, шишиња и се обиделе да го запалат, а полицијата одговорила со солзавец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK