Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати пред новинарите по Регионалниот самит во Тирана.
Говорејќи за тоа што опозициските медиуми пишуваат за неговата изјава дека Тајван е дел од Кина, тој праша што е неточно.
„ Им кажав дека ќе одговорам за 10 секунди, еве ви за две. Тајван е Кина, што е проблемот, што е неточно, дали е така во ОН? Сакате да го урнеме системот на ОН? Сакате утре да не зборувам за Косово и за резолуциите на ОН. Чија е таа поинаква политика? Кој мисли дека Тајван не е Кина. Русија или Америка? Наместо тоа, мрморат што ќе им текне, мора да ме нападнат за нешто“ вели Вучиќ.