Вучиќ: Светот е на работ на трета светска војна

Вучиќ-Светот-е-на-работ-на-трета-светска-војна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател, Александар Вучиќ утрово во ТВ гостување рече дека мисли оти светот е на работ на трета светска воја.



„Имате прилично тешка ситуација во Украина и сега е сосема јасно дека на Западот ќе му биде тешко да ги победи Русите, исто како што на Русите ќе им биде тешко да ги поразат Украинците. Кина и Америка останаа надвор од конфликтот, но Америка недвосмислено им помага на Украина и Израел. За жал, се приближуваме до тоа, луѓето и многу земји сакаат поинаков поредок во светот“ рече претседателот.

Вучиќ рече дека целиот свет оди во лоша насока.

„Затоа ни треба безбедност и стабилност, да ја заштитиме нашата земја, а не да ја напаѓаме како што прават некои“, рече Вучиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK