Вучиќ со Фон дер Лајен: Се додека јас сум претседател, Србија ќе остане на европскиот пат

Screenshot-2024-10-25-153840.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека додека е претседател на државата, Србија нема да ги промени своите главни надворешно-политички цели, а тоа се европскиот пат и определбата за членство во ЕУ.


На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во дводневна посета на Србија, Вучиќ рече дека европскиот пат е од клучно значење за напредокот на земјата, дека Србија посветено работи на тој пат и се надева на резултати.

Тој истакна дека имал многу долг, крајно отворен и искрен разговор со Фон дер Лајен и дека има работи за кои Европската унија ја критикува Србија, но дека претседателот на ЕК секогаш бил подготвен да ја сослуша нивната страна.

Како што рече, разговарале за определбите на Србија.

„Јас и го кажав истото што ви го кажав вчера. Колку и да размислуваат поинаку некои луѓе, јас сум претседател на Републиката со највисок легитимитет во државата, избран директно од граѓаните двапати по ред во првиот изборен круг, што никогаш не се случило во нашата историја, а додека јас сум претседател, нема промена на главните цели на нашата надворешна и внатрешна политика. Тоа значи дека нашиот европски пат е и наше застапување за европска Србија и е од клучно значење за нашиот напредок, дека Србија ќе се посвети на работа на тој пат и дека се надеваме на резултати“, изјави Вучиќ.

Тој ѝ честиташе на Урсула фон дер Лајен за нејзиниот реизбор на функцијата претседател на Европската комисија и ѝ се заблагодари за поддршката што и ја пружила на Србија во претходниот мандат и додаде дека се надева дека тоа ќе продолжи да го прави и во овој мандат, пренесува Танјуг.

„Има една работа што луѓето во Србија многу ја почитуваат. Кога ни доаѓаат гости, речиси сите доаѓаат во Белград кога се во прашање високи делегации, официјални посети во нашата земја и двапати отидовме далеку од Белград, далеку од урбаните средини, а тоа е нешто што нашите граѓани, нашиот народ исклучително го почитуваат и ценат, ви благодариме за поддршката и помошта што ни ја дадовте во претходниот период“, рече Вучиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK