Вучиќ одби да каже на Си-ен-ен дали го поддржува Новак Ѓоковиќ кога пишува „Косово е срцето на Србија“

Вучиќ-одби-да-каже-на-Си-ен-ен-дали-го-поддржува-Новак.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ за време на гостувањето на Си-ен-ен одби да каже дали го поддржува ставот на најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ дека „Косово е срцето на Србија“. Одговарајќи на прашањето на Кристијан Аманпур, Вучиќ рече дека „верува дека Ѓоковиќ зборува од срце“, но дека политичарите мора да бидат прагматични.


На прашањето на водителот дали го поддржува ставот на Новак Ѓоковиќ дека „Косово е срцето на Србија“, истакнувајќи дека токму тоа го напишал најдобриот тенисер на сите времиња, заедно со пораката „Стоп за насилството“, по еден меч на Ролан Гарос, Вучиќ одби директно да одговори.

Тој рече дека верува оти Новак Ѓоковиќ зборува од срце и дека 99 отсто од луѓето во Србија веруваат во истото.

„Ние политичарите мора да бидеме прагматични, рационални, а тоа значи дека треба да најдеме решенија преку преговори, конструктивен пристап. Мораме да видиме како ќе се справиме со сите проблеми поради иднината, затоа што треба да се погрижиме повеќе да не страдаат ниту Албанците ниту Србите и да видиме како можеме да ги надминеме овие тешкотии и како можеме да имаме подобра иднина, со отворени граници, административни линии, за да имаме подобра економска соработка и да ги зближиме нашите народи. Тоа е вистинско прашање“, изјави Вучиќ.

Новинарот на Си-Ен-Ен, Кристијан Аманпур, за време на интервјуто го потсети српскиот претседател Александар Вучиќ на неговата изјава по преговорите во Охрид, кога рече дека не го потпишал договорот затоа што „има болки во десната рака“ и дека ќе го боли следните четири години.

„Ја ценам вашата објективност, сакам да кажам дека можеби не следевте што зборуваше ЕУ по нашата последна средба. ЕУ тогаш јавно кажа дека Србија е целосно конструктивна“, рече Вучиќ и додаде дека за тоа зборувале европските претставници Жозеп Борел и Мирослав Лајчак.

Тој рече дека прави „се што рече дека ќе направи“.

„Направив се што им кажав на нашите пријатели од САД и ЕУ дека ќе направам, но постои српски Устав и морам да го почитувам. Ништо не криев во нивно присуство“, изјави Вучиќ за преговорите со Приштина.

Тој оцени дека мирот е во најдобар интерес на Србија и на целиот регион.

Вучиќ за време на гостувањето ги обвини и косовските власти за „постепено етничко чистење“ на северот на Косово, а водителката изјави дека ЕУ и САД не се согласуваат со таа проценка.

„Прават етничко чистење, во последните две години бројот на Срби на Косово е намален, сега има 10 отсто помалку“, рече Вучиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK