Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска разговараше со претседателот на Бугарија Румен Радев за билатералните односи и зајакнувањето на економската соработка.
„Со претседателот Румен Радев разговарав за билатералните односи, зајакнувањето на економската соработка и партнерството меѓу нашите две земји и народи“, објави Вучиќ на Инстаграм.
Како што додаде, Радев и тој во текот на разговорот се фокусирале на клучните прашања од Самитот на Европската политичка заедница и темите кои ја обликуваат иднината на Европа.