Вучиќ: на Црна Гора нема да и застанеме ниту на сенката

vucik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека неговата денешна средба во Белград со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ е потврда дека зајакнувањето на „соработката и поблиските односи се од огромно заемно значење“ и оти разговарале „на еден начин што гради доверба иако за нешто се согласуваат, а за нешто не“.

– Сакам постепено да дојдеме до подобри односи. За нас Црна Гора не е важен партнер само поради економијата, туку и поради традиционалните блиски односи, рече Вучиќ на заедничката прес-конференција со Милатовиќ и потсети дека многу Срби живеат во Црна Гора, а Црногорци во Србија.


Вучиќ рече дека „во Црна Гора има многу кои се обидуваат да подигнат некој страв од Србија, да кажат дека Србија е таа што бара и очекува нешто од Црна Гора“.

– Реков во што сакате да учествуваме ние ќе учествуваме, во што не сакате и ние нема. Нема да ви застанеме на сенката, не ни паѓа на памет да бараме од некого нешто што некој друг не сака, рече Вучиќ, пренесе Бета.

Тој изјави дека „зборувале на цивилизиран, нормален начин што треба да изгради доверба меѓу нас, но и нашите државни институции во иднина“.

Вучиќ рече и дека Милатовиќ бил пречекан во Белград „како ретко кој од целиот свет“ и додаде дека е „единствената навреда“ за Србија ако некој каже дека Белград не е добар домаќин.

Тој додаде дека очекува „по долго време“, во следните два до три месеци да се одржи заедничка седница на владите на двете земји, што, како што рече, ќе биде голем исчекор во односите меѓу Белград и Подгорица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK