Вучиќ: На 26 мај ќе соопштам на народот – изборите ќе се одржат најдоцна во септември

vucic_2342424
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска, одговарајќи на барањата на опозицијата, дека изборите ќе се одржат најдоцна во септември и дека на најавениот собир на 26 мај, ќе му соопшти на народот интересни одлуки, јави дописникот на МИА од Белград.

– Не е проблем. Сакате избори? На 26 мај ќе му соопштам на народот, одиме на избори. Тоа значи дека одиме на избори најдоцна во септември. Но нема вие да бирате кои избори ќе бидат, бидејќи ова не е фонтана на желби и државата не е играчка, а за сè останато ако сакате да разговарате, подготвени сме, одговори Вучиќ на барањата на опозицијата, во Смедерево на приказот на предаденото оружје.


Тој додаде дека за неколку дена повеќе нема да биде претседател на неговата политичка партија Срспка напредна странка (СНС).

Вучиќ говорејќи за протестот одржан во петок рече дека на него имало повеќе илјади луѓе и дека има обврска да го почитува секој собир, но и дека не му паѓа на памет да го смени министерот за полиција Братислав Гашиќ, чија оставка беше едно од барањата на опозицијата.

– Рекоа ќе те убиеме ако не го смениш Братислав Гашиќ. Зошто да го смениме? Еве нема да го смениме. Не ни паѓа на памет да го смениме Бата Гашиќ кој одлично си ја врши работата. Ама нема проблем, можеме уште повеќе да ви излеземе во пресрет, да ја смениме целата влада и веднаш да одиме на избори. А за тоа ќе треба да го почекате само 26 мај и ништо повеќе. Никој овде не ги чува фотелјите, а тоа многу јасно ќе го видите. Дали сакате да зборуваме за реалните шоуа и РЕМ? И тоа е можно, но тие нејќат да разговараат, рече Вучиќ.

Тој ја обвини опозицијата дека сака власт без избори и изјави дека „нема да има нов Мајдан“ во Белград, односно промена на власта како по уличните протести и вооружени судири во 2014 година на плоштадот Мајдан во украинскиот главен град Киев.

Вучиќ, кој е и претседател на владејачката СНС, обвини дел од опозицијата за политизирање на тие трагедии и рече дека државата презела низа мерки за превентивно дејствување.

Тој кажа дека до утринава биле собрани околу 13.500 различни оружја и минско-експлозивни направи. Во Смедерево, каде заедно со министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ присуствуваа на изложувањето на нерегистрирано оружје, муниција и мински експлозивни направи, кои граѓаните ги предале во полициските станици од 8 мај, тој рече дека е прикажано околу 10.000 цевки, и да тука се наоѓаат вкупно 11.970 парчиња оружје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK