Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вечерва дека косовскиот премиер Аљбин Курти „извршил добар, но краткорочен трик“.
Вучиќ на националниот дневник на ТВ Пинк изјави дека не верува дека „тој трик повеќе може да функционира“.
„Тој ја претстави идејата за потпишување на сите три документи, Бриселски, Охридски и ЗСО. Зошто го изнесе, бидејќи беше јасно дека Србија не може да го потпише. Но, тоа беше финта, бидејќи на сите им е јасно дека нема да исполни се, тоа е само за да купи време“, изјави Вучиќ.
„Ништо нема да направи, тоа го кажувам однапред, како што сум кажал стотици пати“, додаде претседателот на Србија.