Вучиќ: Целта на протестите е да ме заменат и да го спречат развојот на Србија

2-8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека некои граѓани се искрено загрижени за ископот на литиум, но дека вистинската цел на тие протести е негово отстранување од власт, како и поддршка на одредени странски сили кои не сакаат Србија да се развива брзо и да направат значајна разлика во однос на другите земји од регионот.


Вучиќ на РТС рече дека е многу важно на тие загрижени луѓе да им каже што е вистина, а што не.

„Уште две години нема да има копање. Целата приказна и кревањето паника е сосема бесмислена. Не прифаќаат да разговараме, понудив разговор, понудив разговор во Народно собрание, дури и референдум, па тие да изберат дали тоа ќе го направат на територијата на Лозница или на цела Србија“, рече Вучиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK