Вучиќ: Албанските полицајци вперија пушки кон син ми и го прашаа „татково име?“

vucik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека албанските полицајци кај Подуево, ги впериле пушките кон неговиот син Данило, кој беше во Косово на митингот во Грачаница по повод Видовден, барајќи по секоја цена да ја соблече маицата со натпис „Предавањето не е опција“, но дека не успеале во тоа, јави дописникот на МИА од Белград.

– Дури сега дознав што се случува во Косово, напиша претседателот на Србија нешто по полноќ на својот Инстаграм профил.


„Последниот пат кога го запреа Данило, недалеку од Подуево, албанската полиција побара по секоја цена да ја соблече маицата на која пишуваше „Предавањето не е опција“. Данило не се согласил, а потоа му вперија пушки и го прашаа „Таткото име?“ Тој одговорил: „Александар! Тоа е мојот татко и твојот претседател!“ Не му беше соблечена маицата, не му беше извалкан образот. Предавањето не е опција!“, изјави претседателот на Србија.

Вучиќ претходно синоќа изјави дека косовските полицајци трипати го застанале и го пребарувале автомобилот во кој бил неговиот син.

– Му честитам на Албин Курти за неговата храброст. Курти не е толку храбар кога е во мое друштво, но храбар е кога испраќа некои други да се изживуваат на туѓи деца. Само нека продолжи. Предавањето не е опција, некои би се уплашеле од тоа, изјави Вучиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK