(Вознемирувачко видео) Претепан тинејџер во Белград, го удираат со цигла, појас, го клоцаат, тој бега облеан во крв

Вознемирувачко-видео-Претепан-тинејџер-во-Белград-го-удираат-со-цигла.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







 

Четворица хулигани нападнале тинејџер во Белград и му нанеле физички повреди. Според очевидци, се се случило во близина на познат трговски центар.

– Кога се паркирав, видов четворица млади момчиња како бркаат друг млад човек, исто така помлад. Тој побегнал со крвава глава додека напаѓачите го гаѓале со камења и го бркале со појас. Претрчал преку улицата за да си ја спаси главата, за малку ќе го прегазеле автомобили бидејќи сообраќајот на тоа место е многу фреквентен, изјави за РИНУ еден од очевидците кои го снимиле целиот инцидент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Napuštena mesta Srbija (@sav_taj_ludi_balkan)

Тој додава дека полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот и го пронашла оштетениот, повреден млад човек и му зела изјава.

– Ова е страшно, ова што се случува со нашата младина. Ова мора да престане, бидејќи само ќе се влоши. Надлежните мора да реагираат и да ги зголемат казните за да не се случува секој пат вакво нешто. Во Јапонија, ваквите деликвенти јавно се срамат пред нацијата на телевизија или нивното име се става на веб-страница со база на податоци за проблематични луѓе, а потоа никој не сака да ги вработи, додаде очевидецот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK