Воздухот во Ниш синоќа беше најзагаден од почетокот на годинашната грејна сезона

Воздухот-во-Ниш-синоќа-беше-најзагаден-од-почетокот-на-годинашната.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Воздухот во Ниш синоќа беше најзагаден од почетокот на овогодинешната грејна сезона, покажуваат податоците на Агенцијата за заштита на животната средина.


Концентрацијата на ПМ10 честичките во 23 часот била 289,89 микрограми на метар кубен, што е речиси шест пати поголема од дозволената вредност, додека пак концентрацијата на ПМ2,5 честичките била 255,35 микрограми што е 10 пати поголема од дозволената вредност.

Според експертите, концентрацијата на суспендираните честички ПМ10 и тешки метали (олово, арсен, кадмиум и никел) не треба да надминува 50 микрограми на кубен метар за воздухот да се смета за чист, додека концентрацијата на честичките ПМ2,5 не треба да надминува 25 микрограми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK