Во Србија се заострува кампањата против актерите кои ги поддржуваат протестите „Србија против насилството“

srbija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На насловните страници на провладините медиуми и на социјалните мрежи продолжува кампањата што ја започнаа претставниците на СНС во српскиот парламент против актерите кои ги поддржаа протестите „Србија против насилството“. На Твитер профилот „народен непријател“ од непознат автор денес е објавено грозоморно видео на кое се објавени слики од близу 50 актери, за кои се вели дека повикуваат на рушење на државата, уставниот поредок, како и за „незаконски дела“ против ТВ Пинк, јави дописникот на МИА од Белград.

На Твитер профилот „народен непријател“ беа објавени две видеа, од непознат автор во кој актерите се обвинети дека „си легнале“ на проектите на Телеком, односно на државниот буџет и приватната компанија Пинк, за „повикување на антидемократски методи, уривање на државата и уставниот поредок и антицивилизациски и незаконски дела против ТВ Пинк или дека директно учество во такви дела“.


А потоа се редат сликите од дури 46 актери. На списокот на автори на ова видео, меѓу другите, се: Бранислав Трифуновиќ, Никола Којо, Драган Бјелогрлиќ, Горица Поповиќ, Петар Божовиќ, Наташа Нинковиќ, Нина Јанковиќ, Бранка Катиќ, Никола Ѓуричко, Гордан Кициќ, Нада Шаргин, Сергеј Трифуновиќ, Јелисавета Сека Сабљиќ, Раде Шерберџија, Светлана Цеца Бојковиќ, Хана Селимовиќ, Ненад Маричиќ …

По повод најновиот напад врз актерите, меѓу првите се огласи Милош Биковиќ кој посочи дека „ова не смее да се толерира и дека надлежните органи мора да реагираат“.

– Не мора секогаш да размислуваме на ист начин, но ако сакате да цртате цели на челата на луѓе кои имаат поинакво мислење, ако треба да се стрелаат поради тоа, тогаш стојам заедно со нив. Покрај него, покрај своите колеги застанаа и бројни актери кои го споделија спорното видео со апел до надлежните што поскоро да реагираат.

Власта прва ја започна кампања против уметниците кои ги поддржаа протестите „Србија против насилството“. Најпрвин пратеникот на СНС Небојша Бакарец на седницата на Собранието ги прочита наводните хонорари што актерите ги добивале од Телеком за нивните улоги. Потпретседателката на српското собрание Сандра Божиќ упати навреди кон актерот Милан Мариќ поради неговото учество на протестите. Во меѓувреме упатени се закани и до актерката Тамара Драгичевиќ и нејзиното малолетно дете, а од МВР и од Обвинителството за високотехнолошки криминал сè уште не соопштуваат кој стои зад нив.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK