­

Во Подгорица се судри „аудито“ на сестрата на Мило Ѓукановиќ и „мерцедес“ од придружбата на премиерот Спајиќ


Screenshot-2025-03-26-083155.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Црногорската полиција истражува сообраќајна несреќа што се случила во понеделникот околу 10.30 часот во Подгорица.


„Мерцедес“ од придружбата на премиерот Милојко Спајиќ се судри со „ауди“ регистрирано на име на адвокатката Ана Ѓукановиќ, сестра на поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ. „Аудито“ во моментот на несреќата не го управувала Ана Ѓукановиќ, туку нејзиниот возач.

Полицијата се сомнева дека возачот на автомобилот „ауди“ поминал на црвено светло. Се истражува дали намерно ја предизвикал несреќата.

Во несреќата нема повредени, но причинета е значителна материјална штета. Спајиќ во моментот на незгодата не бил во „мерцедесот“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK