Во Хрватска тага по несреќата во која учествуваше министерот за одбрана, а загина едно лице

Во-Хрватска-тага-по-несреќата-во-која-учествуваше-министерот-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Привлака – мало место во Хрватска денес го обзеде тага, болка и неверување поради прераното заминување на нивниот сограѓанин, 40-годишниот Горан. Ш., кој загина во сообраќајна несреќа кај Винковци во судир со автомобил на хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ.


„Сите сме шокирани и не можеме да веруваме дека ова му се случило на нашиот пријател и сограѓанин“, накратко изјави жителот на Привлака, каде што беше речиси невозможно да се најде соговорник поради оваа трагедија, јавува „Јутарњи лист“, пренесува „Блиц“.

И покрај обилниот дожд, во селото имало многу луѓе кои дошле да ги посетат роднините и пријателите за празниците, но и тие не сакале ништо да кажат, освен да изразат искрена тага и сочувство до семејството на покојниот Горан.

Тој, пак, беше сопственик на градежен занает, а од луѓето кои го познавале од прва рака, хрватските медиуми дознаа дека е исклучително вреден, но и посветен семеен човек, кој ги обожава своите две ќерки.

Ниту градоначалникот на општината Дарко Галиќ не бил расположен за разговор, пишува „Јутарњи лист“.

„Можам само да изразам искрено сочувство до семејството на починатиот Горан, а ние како општина ќе помогнеме колку што можеме“, рече Галиќ.

Несреќата се случи во 06:15 часот, на излезот од Винковци во правец кон Жупања. Министерот за одбрана, Марио Баножиќ, рано утринава отишол на лов и се судрил со комбе во кое се наоѓал 40-годишен маж.

Човекот кој загина во несреќа е оженет маж – татко на две деца. Министерот има повреда на мозокот и поради тежината на повредите е пренесен во КБЦ Осиек.

„Поради потреба од неврохируршки надзор и опсервација, тој е префрлен во КБЦ Осиек. Имаше тешки физички повреди, како набиен мозок, но цело време беше свесен“, изјави д-р с. Крунослав Шпорчиќ, директор на болницата Винковац.

Премиерот Андреј Пленковиќ по несреќата го разреши министерот од функцијата и изрази сочувство до семејството на 40-годишникот. Тој му посака и оздравување на Марио Баножиќ.

Според информациите, Баножиќ со својот автомобил претекнувал камион и удрил во комбе кое се движело од спротивната насока, во кое се наоѓал 40-годишниот маж.

Меидумите јавуваат дека на поранешниот министер му се заканува казна од 3 до 15 години затвор.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK