Во Грција од почетокот на месецот шест туристи загинаа поради големи горештини

hj.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Поради високите температури, кои достигнуваат и до 40 степени Целзиусови, од почетокот на месецов во Грција загинаа шест туристи, а неколкумина се водат за исчезнати.

Последната жртва е 67-годишен Германец, кој е пронајден мртов на островот Крит, соопшти денеска полицијата. Туристот во неделата сам излегол на прошетка во кањонот, а по неколку часа и се јавил на сопругата и рекол дека не се чувствува добро.

„Операцијата за пребарување и спасување започна веднаш и специјална единица за спасување со дронови забележа тело на маж во кањонот Трипити“, изјави полициски претставник за Ројтерс.

Спасувачките екипи трагаат и по две Французинки на возраст од 73 и 64 години на островот Сикинос и 59-годишен американски полицаец на одмор на островот Аморгос. Уште еден Американец беше пронајден мртов на грчкиот остров Матраки во Јонското Море минатата недела, а холандски турист беше пронајден мртов на егејскиот остров Самос претходно овој месец.

Телото на британскиот ТВ водител Мајкл Мозли беше пронајдено на 9 јуни на Сими, остров во Егејското Море, по четиридневна операција за пребарување со авиони, дронови и чамци. Мозли наводно одел сам на високите температури пред да исчезне.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK