Хирургот Пеѓа Милошевиќ денеска изјави дека во експлозија на бомба во Цетиње се повредени пет лица, од кои двајца починале поради сериозноста на повредите – едното во болницата во Цетиње, а другото во Подгорица.
Милошевиќ за Танјуг изјави дека тројца биле донесени на операција во Цетиње, а двајца со приватен автомобил во Подгорица.
Тешко повредениот Драган Рогановиќ, како што вели, починал во болница во Цетиње и покрај големите напори на лекарите да го реанимираат.
Експлозијата се случила во 9:10 часот, а од силната експлозија испукале стаклата на зградата на Спортскиот центар. Според неофицијалните информации, убиени се припадници на озлогласениот криминален шкаљарски клан Петар Калуѓеровиќ и Драган Рогановиќ. Еден од нив починал на лице место. Според извор од полицијата, вториот подоцна им подлегнал на повредите.