рисел, 4 јули 2023 (МИА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен соопшти дека имала добра средба со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, истакнувајќи дека ЕК ја поддржува работата на Србија за пристапување во Европската унија.
– Нашиот нов план за раст ќе помогне да се забрзаат реформите, да се зголемат инвестициите од Европската унија, да се доближите до единствениот пазар, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
Таа додаде дека со Брнабиќ разговарала и за важноста од нормализирање на односите со Приштина.