Во Босна и Херцеговина пронајдено петгодишно девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

policija-bih.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во автобус на граничниот премин Брод, босанско-херцеговската полиција идентификувала петгодишно девојче од Германија, жртва на меѓународна трговија со луѓе, соопшти Обвинителството на БиХ.


„Обвинителот од Одделот за шверц и трговија со луѓе на Обвинителството на БиХ ги координираше активностите во соработка со Службата за работи со странци на БиХ и Граничната полиција на БиХ, кои при контрола на стоки и патници на редовните автобуски линии на на граничниот премин Брод открија и идентификуваа жртва на меѓународна трговија со луѓе“, велат оттаму.

Девојчето патувало на редовна автобуска линија во придружба на странски државјанин. По наредба на обвинител, тој е приведен во Службата за странци на Босна и Херцеговина, а таа е сместена во безбедна куќа.

„Споменатото девојче се наоѓа во базата на лица по кои трагаат меѓународните институции, а обвинителот е во постојана комуникација со надлежното обвинителство и полицијата во Визбаден, Германија. Се преземаат активности за враќање на детето кај нејзината мајка“, велат од Обвинителство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK