Владимир Кецмановиќ ја негираше вината за малтретирање и запоставување на својот син: продолжува судењето за случајот „Рибникар“

kosta-dete-srbija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Вишиот суд во Белград денеска со излагање на одбраната продолжи судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето кое на 3 мај минатата година уби девет негови врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“.


Како што пренесуваат белградските медиуми, Владимир Кецмановиќ негираше дека сторил кривично дело злоупотреба и запуштање на малолетно дете, за што тој и неговата сопруга беа обвинети од Вишото јавно обвинителство во Белград.

Тој одби да одговори на прашањата на обвинителите и адвокатите.

Судијата направи пауза, по што судењето продолжува. По него за новото обвинение треба да сведочи и Миљана Кецмановиќ.

Обвинителството го прошири обвинителниот акт со кој Владимир Кецмановиќ се товари за кривично дело тешко дело против општата безбедност, а мајката за кривично дело недозволено држење и носење оружје, јавува Танјуг.

Миљана Кецмановиќ во судот пристигна од слобода, додека нејзиниот сопруг беше изведен надвор од притвор, каде што се наоѓа од апсењето на 3 мај минатата година.

Проширениот обвинителен акт уследи по распитот на малолетниот сторител на убиството на К. К. Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Миљана Кецмановиќ и на инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK