Вјоса Османи во Гранада: Нема причина да се сретнеме со Вучиќ додека не му бидат воведени санкции

10841106-1000x560.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска во Гранада, во пресрет на почетокот на Самитот на Европската политичка заедница, изјави дека нема причина да се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, додека не му бидат воведени санкции.


Османи на новинарите пред Самитот изјави дека Шпанија е земја која придонесува за мирот и стабилноста во цела Европа и дека се надева оти Шпанија ќе сфати дека „поддршката на агресорот“ во случај на конфликтот на 24 септември на северот на Косово не придонесува за мир и стабилност.

Косовската претседателка рече дека се надева оти Шпанија ќе им се придружи на другите земји за воведување мерки против Србија поради „страшните акти“ насочени не само против Косово, туку и против мирот и стабилноста во цела Европа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK