Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во последните два дена, двапати најави дека Белград ќе има летечко такси во 2027 година.
„Во моментов Кинезите се единствените во светот способни за она што ни е целта, а тоа е Експо 2027. И тоа ќе биде една од темите, колку и да ви изгледа чудно на вас или мене. Ќе дадеме се од себе да бидеме први или втори во Европа што ќе воведе летечки такси, до 2027 година“, изјави денеска Вучиќ.
Predsednik Srbije rekao je da će Srbija imati leteći taksi do 2027. godine, za EKSPO pic.twitter.com/X2XBXP7GwP
— Al Jazeera Balkans (@AJBalkans) April 8, 2024
Вучиќ ги најави летечките автомобили пред два дена како гостин на телевизискиот канал „Информер“, пренесуваат српските медиуми.
Таму рече дека многумина му се смеат кога ги спомнува летечките автомобили и повтори дека доколку во меѓувреме нема поголеми безбедносни проблеми, Србија до 2027 година ќе има летечко такси.
„Ќе имаме летечко такси за ЕКСПО, за да покажеме како изгледа. Работиме со две компании, едната е француска, едната е веројатно австриска или германска. А работиме и со Кинезите“, рече Вучиќ.