Претседателот на Парламентот на Црна Гора, Андрија Мандиќ, паузираше откако на седницата изби конфликт меѓу пратеникот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Оскар Хутер и дел од пратениците од коалицијата За иднината на Црна Гора (ЗБЦГ).
Додека Хутер зборуваше, пратеникот Славен Радуновиќ фрли нешто кон него, а тој постојано повторуваше „срам да ти е“.
Во дискусијата се вклучи и Милан Кнежевиќ, а потоа стана, по што седницата беше прекината.
И по дадената пауза, жестоката расправа продолжи, а Хутер и Кнежевиќ повеќепати се обидуваа физички да се нападнат, но беа спречени од останатите пратеници.
Пратениците на ДПС Данијел Живковиќ и Андрија Николиќ побараа да се повика обезбедување, се приближија до масата на Мандиќ, кој по кратка дискусија се оддалечи.