Најмалку девет лица загинаа, а 26 се повредени кога патнички автобус удри во столб на мостот во областа Полатсли, во близина на турскиот главен град Анкара.
Според информациите, возачот на автобусот кој сообраќал на релација Измир-Агри изгубил контрола над возилото, по што автобусот излетал од патот и удрил во столб од мостот.
Ankara Polatlı’da yolcu otobüsünün köprünün ayağına saplanması sonucu meydana gelen trafik kazasında çok sayıda ölü ve yaralı var.
İşte olay yerinden gelen ilk görüntüler…https://t.co/A3fFdU0gKn pic.twitter.com/SZ0UZlrw80
— SuperHaber (@superhaber) August 9, 2024
Гувернерот на Анкара Васип Шахин потврди дека според првичните информации во несреќата загинале девет лица, а 26 се повредени.
Пожарникарите и спасувачките служби излегле на терен и успеале да ги спасат заглавените во автобусот, кои биле префрлени во блиските болници.