(Видео) Српскиот министер за внатрешни посети повреден полицаец, снимка на социјалните мрежи покажува дека тој бил удрен од колега

Видео-Српскиот-министер-за-внатрешни-посети-повреден-полицаец-снимка-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Група студенти и млади кои учествуваат на протестите поради, како што тврдат, кражба на изборите на 17 декември, за денеска најавија шестчасовна сообраќајна блокада на две локации во Белград. Тие во 11 часот се собраа на улицата Бирчанинова пред Министерството за државна управа и локална самоуправа, од кое бараат да се овозможи проверка на избирачкиот список, пренесува Нова.рс.


Тој протест траеше еден час, колку што му дадоа на Министерството да одговори на нивните барања, по што следи блокада на два патни правци, чии локации не сакаа да ги откријат од безбедносни причини.

Блокадата на патиштата, како што најавија, ќе трае до 18 часот, а секоја наредна може да биде и подолга доколку не се исполнат нивните барања. Коалицијата „Србија против насилство“ за денеска во 18 часот најави нов протест.

Министерот за внатрешни работи, Братислав Гашиќ ги посети полицајците кои беа повредени во синоќешните нереди. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на Србија, министерот Гашиќ за време на посетата им се заблагодарил на полициските службеници за нивната „истрајност, трпение и професионализам со кои го чуваат мирот и безбедноста на граѓаните и ги штитат законите на Република Србија“.

Според видеото кое се појави на социјалните мрежи, еден полицаец кого министерот го посетил бил удрен со палка во главата од колега.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK