Обилни врнежи од дожд кои во текот на ноќта зафатија поголем дел од Босна и Херцеговина предизвикаа смртоносни поплави во повеќе градови. Поплавени се улици и станбени згради во Јабланица, Кисељак, Крешево, Бусовача и Фојница, јавува Анадолија.
Најтешка е ситуацијата во Јабланица и Долна Јабланица. Потврдено е дека загинале најмалку 16, а министерот за одбрана на Босна и Херцеговина изјави дека на тоа место се водат десетици лица за исчезнати.
Според информациите на Аваз, татко и син храбро се бореле и успеале да спасат 10 лица од поплавите во Јабланица. И тогаш поројот го повлекол синот и, за жал, го однел. Се сомнева дека загинале и голем број граѓани на Јабланица за кои претходно се мислеше дека се повредени.
Спасувачките екипи успеале да евакуираат бремена жена од Јабланица, која потоа била донесена во болница. На трудницата и е извршена операција, но го изгубила бебето.